Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player


Топ 10 Дестинации

Археолошки локалитет - Хераклеа Линкестис

Heraclea Lyncestis

За да ја разбереш денешницата неминовно треба да се навратиш на тоа толку споменувано минато. Треба да зачекориш од почетокот за да стигнеш до крајот. Треба да го осознаеш првиот чекор за да ги осознаеш сите оние кои подоцна ќе ги направиш, да разбереш што било и што е сега. Сето тоа на крај ќе те одведе до спознанието дека многу лесно и минатото и иднината може да станат дел од твојата сегашност.

повеќе ...

Национален парк - Пелистер

Pelister

Пелистерскиот масив е дел од планината Баба, во југозападна Македонија. Прогласен за национален парк во 1948 година поради природните реткости кои се среќаваат во него: моликовите шуми - реликт од терциерната флора, гранитните карпи и неговиот морфолошки релјеф, а посебно глацијалниот релјеф во алпскиот дел од планината.

повеќе ...

НУ Завод и Музеј

museum

Секој од нас иако бескрајно ја сака иднината, сака да погледне и во минатото и да го почувствува неговиот мирис да го чуе неговиот звук. Секоја камен од дворот на овој објект, секоја врата која се отвара пред нас ги чува звуците на минатото и на иднината. Во своите пазуви ги чува вековите и приказните за долгото постоење. Ги знае сите приказни и несебично ги подарува на секој оној кој сака да ги чуе.

повеќе ...

Саат кула

Clock Tower

Секој објект си има своја приказна која се предава од генерација на генерација. Нејзината вистинитост никој не ја проверува затоа што приказните се за да се прераскажуваат. Единствената неодгатната приказна за оваа Саат Кула е приказната за 60.000 те илјади јајца кои турската власт ги собрала од населението за да бидат искористени за нејзината изградба, за да биде поцврста и поотпорна.

повеќе ...

Безистен (покриен пазар)

Bezisten

Наутро во центарот на градот, крај кејот на реката Драгор четири големи железни порти го отвораат светот на убавината. Луксузот повикува од секој дуќан. Свилата, срмата и други  скапоцени ткаенини се обвиткуваат околу телото, го дотеруваат, го стокмуваат.
Навечер се затвораат ги чуваат и кријат во своите пазуви убавините, богатството.
И така секој ден до денес.......      

повеќе ...

Стара чаршија

Old Bazaar

Ако само пред неколку децении тргнеше од Дрвен Пазар до Ат Пазар, тесните камени сокаци ќе те одведеа низ триесетина чаршии. Секоја од нив одзвонува со свој посебен звук со свој посебен глас. Студенилото на каменот заменето со топлиот збор на  мајсторите - мајтапчии и калфите - досетливи. Постари и помлади, совети и поуки.

повеќе ...

Црква Св. Димитрија

Church St. Dimitrie

Звукот на камбаната одекнува низ воздухот и ја растреперува душата. Се радува на новите животи и жали за оние кои веќе поминале. Се радува и плаче. Одекнува како вековен дамар на градот. Делумно вкопана во земја црквата Св. Димитрија е сведоштво за досетливоста и мудроста на нашиот неимар.

повеќе ...

Исак Џамија

Isak Mosque

Во близина на мостот каде луѓето не се разминуваат туку застануваат да поразговараат, во близина на мостот кој понекогаш дели различни светови и судбини тука денес по којзнае кој пат се сплотува минатото и сегашноста.

повеќе ...

Католичка црква

Catholic Church

Во срцето на Широк Сокак стои тивко и смирено. Облеана во сонце без збор, но гордо, трае исправена кон небото, кон Бога. Ги топли душите го шири божјиот збор. Утешува и лечи, едноставно милува. Само вербата во Бога, во Исус Христос може да дава толкава сила.

повеќе ...

Уметничка галерија - Јени џамија

Yeni Mosque

Изградена врз темелите, сопствени и туѓи, стои моќно и непоколебливо во центарот на градот. Скоро петстотини години ги покрива тајните на минатото и исто толку години ги слуша молитвите за иднината.
Христијанска и муслиманска, моја и твоја, заедничка... Длабоко во темелите цркви, а високо кон небото џамија. Сино и бело во внатрешноста, сино и бело кон небото.

повеќе ...

 

Не пропуштајте !

Виртуелна прошетка

Фото галерија

Filmland

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player