Настани
Културен настан |
Период на одржување |
23-30 мај |
|
10 јуни |
|
Битолска опера |
јули |
јули-август |
|
Интернационален фестивал на монодрама |
јули |
Интернационален театарски фестивал “Актерот на Европа” |
јули |
29 јули- 03 август |
|
Младински фестивал “Битола отворен град” |
август |
21- 28 септември |
|
септември- декември |
|
02-12 октомври |
|
Интернационален фестивал на аматерски документарен филм “Камера 300” |
12- 14 ноември |
МАЛ БИТОЛСКИ МОНМАРТР (23 - 30 мај)
Најзначајниот дел од историјата на ликовното воспитување во Битола се отстапува на Детското ликовно студио Св. Кирил и Методиј, формирано во 1981 год. од ликовниот педагог Коста Хаџи Антоновски, со основна цел ликовно оформување и доизградување на младите ликовни таленти од битолските основни училишта и од предучилишните установи.
![]() |
Најголем успех на студиото претставува организирањето на Меѓународната детска ликовна колонија, позната како Мал битолски Монмартр која успешно опстојува веќе 30-тина години. Во 1992 Колонијата прераснува во меѓународна манифестација.
На овој настан учество земаат над 150 ученици, повеќе од 1000 училишта од над 40 земји од светот со повеќе од 20 000 уметнички творби. Младите уметници на своите платна најчесто ја сликаат старата архитектура на градот, како еден од најпрепознатливите симболи на Битола.
Студиото располага со огромен фонд детски цртежи (преку 350.000) кои беа изложени на Изложбата на Гинис.
http://www.montmartre.smultimedia.com
| горе |
10-ТИ ЈУНИ – ДЕН НА КУЛТУРАТА
Во 2006 год. за прв пат се востанови оваа манифестација и се планира да стане традиционална. Од 12:00 часот до 24:00 часот се одвиваше културна програма со различни содржини на повеќе локации во нашиот град (ликовна работилница, рок хепенинг, изложби, театарски претстави, филмски проекции, концерт на сериозна музика, концерт на КУД-овите од Битола).
| горе |
БИТ ФЕСТ
Фестивал кој се одржува со многубројни уметнички содржини (ликовни изложби, филмски проекции, театарски претстави, концерти на сериозна музика, балет, опера, концерти на забавна музика). Се одржува од 01-ви јули до 20-ти август секоја година. Оваа манифестација е финансиски поддржана од Општината Битола.
| горе |
ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ (29.VII - 03.VIII)
Фестивал на фолклорни игри и песни “ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ”- Желбата да се зачува, а истовремено да се популаризира изворниот фолклор, ја наметнува потребата од организирање и одржување на традиционални фестивали.

Еден таков кој ја исполнува комплетно оваа задача е Фестивалот на народни игри и песни “Илинденски денови”. Се одржува секоја година спроти националниот празник на македонскиот народ 2-ри август- Денот на Илинденското востание. Фестивалот секогаш се одржува од 29 јули до 1 август. На него достојно се афирмираат народните песни и игри, не само на македонскиот народ и народности кои живеат во Македонија, туку и на народите од светот. Како меѓународна фолклорна манифестација предизвикува голем инерес и во другите земји, чии фолклорни друштва и групи досега имаат земено учество на него. Фестивалот “Илинденски денови” има и други значајни придружни манифестации: изложба на дески цртежи со мотиви од народниот фолклор, изложба на народни носии, “Илинденски караван” од учесниците на фествалот кои даваат концерти и во други места во Македонија, научни собири за фолклорот и др. Тука, посебно треба да се истакне и одржувањето на Големото битолско фолклорно дефиле низ улиците на градот што се организира на 29 јули, непосредно пред почетокот на фестивалот. Тоа е вистински празник на фолклорот во Битола. По завршувањена фестивалот на 2 август еден дел од програмата се презентира на традиционалниот голем народен собир- Илинденски панаѓур, во с. Трново, Битолско. Оваа манифестација е финансиски поддржана од Општината Битола.
| горе |
ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ФЕСТИВАЛ НА ФИЛМСКА КАМЕРА “БРАЌА МАНАКИ”(21 - 28. IX)
Интернационалниот Фестивал на Филмска Камера “Браќа Манаки”, што се одржува секоја година во Битола, е организиран од Друштвото на филмски работници на Република Македонија - ДФРМ.

Секоја година, ИФФК “Браќа Манаки” се одржува под покровителство на Претседателот на Република Македонија и е поддржан од Министерството за култура. Фестивалот, со својата впечатлива програма што од година во година станува се побогата, е атрактивен како за филмските професионалци, така и за вљубениците во филмот од целиот свет.
Стожер на фестивалската програма е “Камера 300” – официјалната компетиција на долгометражни филмови од најновата европска и светска продукција. Директорите на фотографија на филмовите кои учествуваат во оваа програма се натпреваруваат за Златна, Сребрена и Бронзена Камера 300. Тоа се официјални фестивалски награди што ги доделува интернационално жири составено од пет члена.
Покрај официјалната компетиција, дел од Фестивалот и припаѓа на Програмата на краток филм, која нема натпреварувачки карактер и прикажува селекција од најдобрите остварувања на филмската продукција од последните две години. “Студентската Програма Браќа Манаки” е посветена на младите таленти – студенти на филмски академии и школи во целиот свет. Во рамките на Фестивалот, како пропратни настани се организираат работилници, семинари, дебатни сесии, изложби...
Фестивалот исто така доделува Награда за животно дело Златна Камера 300, што е резервирана за водечки во светот кинематографери. До сега, лауреати во Клубот на Великаните се: Виторио Стораро, Вадим Јусов, Раул Кутар, Тонино Дели Коли, Мирослав Ондричек, Анри Алекан, Фреди Френсис, Јиржи Војчик, Свен Никвист.
Фестивалот одржува цврсти релации, соработувајќи со фестивали од регионот и пошироко. Од 2002 година, член е на Европската Координација на Филмски Фестивали. Низ годините, ИФФК “Браќа Манаки стекна бројни искрени пријатели од сферата на филмот од сите страни на светот. Денес, тој ужива репутација на еден од успешните фестивали, специјализирани за умешноста и креативноста на кинематограферите.
| горе |
МЕЃУНАРОДНО ГРАФИЧКО ТРИЕНАЛЕ
Меѓународна графичка изложба која својот пат го започнува од 1994 год., со желба и голема љубов да се допрат, да се откријат современите графички збиднувања од и низ сите меридијани. Се одржува на секои три години во периодот од септември до декември.
Меѓународното графичко триенале е најголема ликовна манифестација во Република Македонија. Свое учество имаат земено над 80 држави од цел свет со околу 5 000 уметници.
Меѓународното жири го сочинуваат најистакнатите автори во доменот на уметноста во светот.
| горе |
ИНТЕРФЕСТ
Фестивал на класична музика- е фестивал за време на кој солисти и уметници од целиот свет го посетуваат градот за да учествуваат на истиот, а кој ја заслужува својата популарност и надвор од рамките на нашата држава.

| горе |
Не пропуштајте !
