Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player


Како до Битола

Каде е Битола?

Како да се стигне во Битола?

Со авион

Со автобус

Со воз

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Каде е Битола?

Македонија е сместена во срцето на Балканскиот Полуостров, отсекогаш била важна раскрница на патишта,светови, различни култури....Па така и Битола....

Овој шармантен град едноставно Ви стои на патот...Сместен на многу важни патишта со векови, лесно достапен, и во денешно време пулсира во југо-западниот дел на Македонија, во западниот дел на Пелагониското Поле (најголемата житница во државата), лежи во подножјето на Планината Баба, на просечна надморска височина од 650m, зафаќајќи урбана површина од 24km2.

Битола се наоѓа на само 15km оддалеченост од границата со Грција, на 180km оддалеченост од главниот град Скопје и 75km оддалечена е од Охрид.

 

Како да се стигне во Битола?

Погледнете ги информациите кои ќе Ви овозможат да го одберете најсоодветниот начин за да стигнете до Битола.

горе

 

Со авион

Постојат два аеродроми во Република Македонија. Оперираат од и до поголем број на поголеми Европски аеродроми.

Александар Велики – Скопје. Овој аеродром се наоѓа во близина на главниот град Скопје. Повеќе информации на:

http:// skp.airports.com.mk

Св. Апостол Павле – Охрид. Овој аеродром се наоѓа на 9km од најпознатата туристичка дестинација во Македонија, Охрид. Повеќе информации на:

http://ohd.airports.com.mk

горе

 

Со автобус

Меѓународни линии до Битола

Од Белград  за Битола – секој ден во 21:30 часот. Оваа возна линија е оперирана од компанијата Галеб Охрид. Повеќе информации:

http://www.bas.co.yu

Од Софија за Битола – секој ден во 16:30 и 20:00 часот. Линијата во 16:30 е оперирана од компанијата Транскоп Битола а во 20:00 часот од компанијата Мат Пу Бугарија.

Од Виена за Битола – секој четврток и петок пристигнува околу 12 и 13 часот во Битола.

Од Битола за Виена – поаѓање секоја недела во 06:00 и 07:30. Линијата за Виена е оперирана од компанијата Eurobus.

 

Во државата

Има чести автобуски линии скоро од сите градови во државата до Битола.

Распоред на доаѓања од Скопје за Битола. Повеќе информации на:

http:// www.sas.com.mk

горе

 

Со воз

Распоред на доаѓања од Скопје за Битола:

Секој  ден има воз во: 06:46, 14:30, 18:15.

Повеќе информации за возниот ред на:

 http://mz.com.mk/uploads/vozen_red.pdf

горе

Не пропуштајте!

Топ 10 Дестинации

Виртуелна прошетка

Фото галерија

Filmland

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player