Агенција за мода, култура и уметност ,,Метрополис Икс,, - Битола
047 / 237 - 668; 070 / 488 - 399; 075 / 927 - 722
e-mail: metropolis@t-home.mk; metropolisbitola@gmail.com
Од 21 до 25 април 2010 година во Фоајето на Центарот за култура во Битола во организација на Агенцијата за мода, култура и уметност МЕТРОПОЛИС - Битола ќе се одржи третата МОДНАТА НЕДЕЛА БИТОЛА 2010 потпомогната од модна куќа ВАСИДОРА, а во соработка со Центарот за култура, Битола.
И оваа година МОДНАТА НЕДЕЛА БИТОЛА 2010 ќе го задржи интернационален карактер со тоа што покрај познатите афирмирани македонски модни имиња, ќе настапат креатори од Франција, Словенија и Босна и Херцеговина
Честа да ја отвори МОДНАТА НЕДЕЛА ќе ја има големото име на македонската модна сцена, БИЛЈАНА КАРАН (Скопје). Истиот ден ќе се представат уште: ГОРДАНА БОБОЈЕВИЌ (Љубљана, Република Словенија) со ексклузивно рачно изработена долна облека и ЕМИЛИ ПИШЕВА ГОЏИРОВА (Струмица) најпозната за македонската јавност по тоа што во последно време ја облекува Елена Ристевска.
Наредниот ден ќе ги проследиме: ДАНИЕЛА СТЕРЈО ЛЕЛА и САИТИС од Битола и ОЛГИЦА ЃОРГИЕВА (Скопје).
Во петок настапува честиот гостин на Париската модна недела КАРИМ БОНЕ (Париз, Франција), потоа САЊА ГРЦИЌ (Мостар, Босна и Херцеговина) која живее и работи во Њујорк и Љубљана и за крај АЛЕКСАНДРА МИТКОВСКА (Скопје) која ќе го представи својот бренд Вибразиони потпомогната од магионичарот ГАНДИНИ (Битола) и пејачката ДАНИ (Скопје) која ќе го носи последниот модел.
Во сабота настапуваат познатиот словенски креатор МИРО МИШЉЕН и ЈАНА КОТЕСКА (Љубљана, Република Словенија) инаку родена Битолчанка и студентите од ЕВРОПСКИ УНИВЕРЗИТЕТ (Скопје). Во склоп на неколку ревии со чевли ќе настапат: МОДЕЛИНО (Битола), додека на самото место ќе има презентација на автомобилите на СЕАТ (Битола), виното на СКОВИН и водата на ПЕЛА РОСА (Битола).
Големото финале е резервирано за модната куќа ВАСИДОРА од (Прилеп) кој ќе имаат сопствена целовечерна ревија во недела на 25 април за затворањето на МОДНАТА НЕДЕЛА БИТОЛА 2010.
За styling-от ќе бидат задолжени: ЧЕВАПОВИЧ СТУДИО (колеџ за коса и естетика Marca, Торонто со дополнителна специјализација во Tony & Guy, Лондон) потпомогнат од ПАТРОН СТУДИО (Битола) и КАРМЕН ЕКСКЛУЗИВ СТУДИО (Битола), а за шминката ќе бидат задолжени make-up артистите: НАТАША ЦВЕТАНОВСКА, НАДИЦА ТАСЕВСКА, МАРИЈА ЈОШЕВСКА и АЛМИРА МЕФАИЛОВА сите од Битола, кој ќе шминкаат исклучиво со шминки од колекцијата на ОРИФЛЕЈМ.
По завршувањето на секој моден ден ќе се одржуваат популарните after party во познатите битолски кафе барови: Порта Џез, База, Инстинкт, Милениум и Фејмес и ноќните клубови: Расчекор и Позитив.
Медиумски настанот ќе го покрие: ТЕРА Телевизија - Битола со свое импровизирано студио од самиот настан (backstage) преку целиот ден.
********
Лице за контакт:
Илија Талев
070 / 488 - 399; 075 / 927 - 722; 047 / 237 - 668
metropolis@t-home.mk; metropolisbitola@gmail.com
Агенција за мода, култура и уметност
МЕТРОПОЛИС - Битола |