17 – ти јули ВТОРНИК на БИТ ФЕСТ

Концерт на Група „Синтезис“
Дом на Арм 21.00 часот
Повеќе од една деценија Македонската музичка етно група „Синтезис“ во Европа и светот ја исполнува својата одговорна задача за унапредување на богатиот македонски музички фолклор. Нивното име го изразува нивниот концепт на внимателно комбинирање на традиционалните звуци со современите аранжмански решенија создавајќи една синтеза која му обезбедува живот на минатото и и трасира пат на иднината. Нурнувајќи се длабоко во македонската фолклорна ризница, сериозно водејќи сметка за зачувување на традиционалните вредности и имањето посебен усет за создавање на современи високоестетски стилизации, оваа група може слободно да го понесе епитетот на освежувачи на македонската фолклорна традиција и нејзини чесни продолжувачи.
Групата во своето музицирање ги користи речиси сите македонски традиционални инструменти – кавал, гајда, зурла, тапан, тарабука, тамбура, а уникатната звучна слика, покрај современите клавијатурни инструменти, ја надополнуваат и трите ангелски гласови кои пеат во духот на женското групно пеење од старата македонска традиција.
Во вторник, пред Дом на АРМ во Битола незаборавен концерт со вистински музички професионалци: Гоце Димовски, Ване Јовчев, Марјан Јовановски, Гоце Ужински, Радослав Шутевски, Анета Шулаковска, Билјана Ристовска, Мирјана Јошевска.
Во музиката на „Синтезис“ едноставно ужива целиот свет кој неможе да остане имун на целата таа егзотична, уникатна и несопирлива нео традиционална, но универзална македонска музика, која досега неколкупати ја обиколи Македонија, а ги освои и музичките вљубеници во Унгарија, Словенија, Австрија, Италија, Германија, Грција, Србија и Црна Гора, Португалија, Шпанија, Белгија, Полска, Франција, Шведска, САД, Јапонија, Австралија...
Во вторник вистинско уживање пред Дом на АРМ – исклучителната музика на Синтезис на БИТ ФЕСТ 2012.
Промоција на музички албум – Н.О.Р.Е
КЦ Магаза 20.00 часот
Промоција на албум со 7 песни од автобографски карактер. Сите песни се креирани од самиот автор во соработка со други афирмирани музички изведувачи од Битола. Промоцијата ќе се одржи во стил на street jazz изведба, а ќе биде наподолнета со изведба на музички хор и бенд. Првенчето на Филип Тодоровски ќе се доделува бесплатно за сите присутни на настанот, а влезот како и за сите настани на БИТ ФЕСТ ќе биде слободен за сите оние кои сакаат да бидат дел од творечката дејност на овој голем музички спектакл.
Филип Тодоровски во своето досегашно искуство во музичката област има завршено нижо и вишо музичко училиште, а има и ангажман и како пијанист и диригент на хорот „Ѕвончиња“. Во досегашните настапи се вбројуваат: новогодишен настап на Плоштад Магнолија со Стиховно Војување, 2011, Промоција на албумот на Стиховно војување „Ме научи да научам“ 2011, Концерт „Пееме до ѕвездите“ за Тоше Проески, 2011, „Денот на Европа“ – Плоштад Магнолија 2011, Бит Фест – соло изведба – пијанист на хор Ѕвончиња 2010, настап на Коледе, талент шоу „Македонски идол“, талент шоу М-2 потрага по ѕвезда, полуфинале 2010.
На Широк Сокак во 21.00 часот сите заинтересирани ќе можат да уживаат во street art и Кафе муабет, а во зоолошката градина секој ден од 18.00 часот продолжува детскиот креативен фестивал: Мечиња – дечиња.
Отворено летно кино – Тумбе кафе 21.00
Sin City,
- Градот на гревовите е американски филм од 2005г. кој го режираа, напишаа и продуцираа Френк Милер и Роберт Родригез. Филмот е направен по стриповите на Френк Милер.Филмот имаше голем комерцијален и критички успех. Посебно е пофален за единствениот начин на снимање; најголем дел од филмот е црно-бел, само одредени објекти се во боја
- 22/07/2012 10:04 - Понеделник 23.07.2012 на БИТ ФЕСТ
- 20/07/2012 08:36 - 42 Републички фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“
- 19/07/2012 12:03 - 20 јули 2012 на БИТ ФЕСТ
- 18/07/2012 08:52 - 19 ТИ ЈУЛИ НА БИТ ФЕСТ
- 17/07/2012 09:28 - 18 ти јули СРЕДА на БИТ ФЕСТ



