Артикли

ДОСТАНО МОМЕ УБАВО

Достано моме,
Достано моме убаво, леле убаво! Што рано раниш,
што рано раниш на вода, леле на вода, од сите моми,
од сите моми порано, леле порано? — He јадувај ме,
не јадувај ме, не јадувај ме, леле мајко ле! Мој ми го Миле,
мој ми го Миле убиле, леле убиле, на таа пуста,
на таа пуста Битола, леле Битола, во тие темни,
во тие темни зандани, леле зандани. Тешки му пранги,
тешки му пранги на ноѕе, леле на ноѕе, чифт белегзии,
чифт белегзии на раце, леле на раце, дробни синџири,
дробни синџири на грло, леле на грло.
.
Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев
Издадена: Битола, Октомври 1969 год

bitfest-logomapa-na-bitolasmestuvanje mkdrestorani mkdtop destinacii mkd

teatar
virtuelna pr mkd
foto galerija mkdfilmlandformular-bitolatourist

Find in Bitola

Custom Search

 

Links

bitolabitfest logomuzejmacedonialokum-festtravel2ohrid