СИРОМАШКО МОМЧЕ

Си прошетав, си заминав покрај Битола,

тра, ла, ла, покрај Битола.

Там' си најдов, там' си сретив моме граѓанче,

тра, ла, ла, моме убаво.

— Mope моме, малој моме, колку те сакам,

тра, ла, ла, колку те сакам.

Пари немам да те земам, сум сиромав јас,

тра, ла, ла, сум сиромав јас.

— Продај нивје, продај лозје, мене земи ме,

тра, ла, ла, мене земи ме!

— Немам нивје, немам лозје, што да продадам,

тра, ла, ла, што да продадам.

 

 

Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА

Народни песни во кои се спомнува Битола,

собрал, предговор и речник напишал

проф. Филип Каваев

Издадена: Битола, Октомври 1969 год

bitola-mapsmestuvanje enrestorani entop destinacii en

teatar
virtuelna pr en
foto galerija enfilmland

Find in Bitola

Custom Search

 

Links

bitolabitfest logomuzejmacedonialokum-festtravel2ohrid