ВЛАДИСЛАВ ЈОВАН
( владетел )
Владислав, Јован (1015-1018), македонски цар, последен владетел на Самуиловата држава, син на Арон, внук на Самуил. Co него е поврзано првото споменување на името на Битола, на плочата што ја подигнал при обновата на тврдината околу градот во XI век. Кога застанал на чело на поранешната Самуилова држава. Ј. Владислав ја обновил тврдината во Битола, што го потврдува и плочата која денес се чува во Заводот и музеј Битола. Ј. Владислав пред тоа бил спасен од Гаврил Радомир, негов братучед син на Самуил, при убиствата вршени од неговиот чичко Самуил кој ја поништил целата фамилија на неговиот брат (таткото на Владислав). По смртта на Самуила Ј. Владислав започнал да води политика за да го заземе царскиот престол. Така, за време на еден лов го ликвидирал својот братучед Гаврил Радомир (неговиот поранешен спасител - синот на Самуил) и се искачил на престолот. Се обидел да склучи мир со Василиј II. Владеел од 1015 г. до последната година на Царството 1018.
Ј. Владислав ја обновил и ја зацврстил Битолската тврдина (1015-1016) која ги чувала приодите кон Преспа и Охрид. Во времето на неговото владеење војските на византискиот цар Василиј II ги протерал од близината на Битола и Пелагонија подалеку од Црна Река бидејќи пљачкосувале и вршеле насилства по селата и пред градот Битола. Тој бил енергичен владар и го заштитувал населението од напади на разни војски и орди, а најмногу од Византијците кои биле немилосрдни, груби, жестоки и страшно нехумани. Имал големи проблеми со Византија. Често стигнувале војски до бедемите на битолската тврдина и се втурнувале чинејќи штети. Настојувал да ги запре византиските напади и да го спречи освојувањето на Сетина, но во близината на тврдината (во Битола) во борбите со византискиот василевс Василиј II (1017) доживеал тежок пораз. Загинал кон крајот на август во 1018 г. од Византијците во една борба во близината на Драч.
ЗНАЧАЈНИ ЛИЧНОСТИ ЗА БИТОЛА |
| горе |
Не пропуштајте !