ТРАИКОВСКИ БОРИСЛАВ
( ликовен уметник )
Траиковски, Борислав (1917-1996), македонски сликар и педагог кој се вбројува во првите дипломирани ликовни уметници во Македонија. Основно и средно образование завршил во родниот крај, а во 1951 г. дипломирал на Академијата на ликовна уметност на Универзитетот во Белград. Бил член на ДНУ, најзначаен член на ликовната група ВДИСТ. Самостојно и групно академскиот сликар Борислав Траиковски има излагано во повеќе градови во земјата и странство и тоа: во Битола, Прилеп, Скопје, Струга, Белград, Загреб, Лондон, Братфорд, Ферара, Париз. Автор на делата: „Сива вода" (1954), „Квечерина" (1959), „Вишнеење" (1963), „Последната слика" (1994), „Поклонување" (1993). Неговите ликовни дела се чуваат во повеќе галерии и приватни колекции во земјата и странство. Јубилејната изложба по повод 40 години творештво (1991) претставува потврдување на неговата ликовна персоналност. Co оваа изложба се заокружила целокупната творечка активност на Траиковски, значајна со својата доследност и кохерентност за развојот на македонското современо сликарство во целина. Целиот свој живот и работен век го минал во Битола. За уметничките постигања има добиено голем број награди и признанија меѓу кои: наградата „11 Октомври" во 1980, наградите „4-ти Ноември" и др.
ЗНАЧАЈНИ ЛИЧНОСТИ ЗА БИТОЛА |
| горе |
Не пропуштајте !