Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player


ТОДОРОВСКИ ВАНГЕЛ - МАЈОРО

( народен херој )

Todorovski Vangel MajoroТодоровски, Вангел - Мајоро (1920-1942), македонски првоборец, народен херој. Уште како многу млад се пројавил со својата активност во редовите на напредното работничко движење во градот. Во текот на 1940 г. на дваесетгодишна возраст Вангел Тодоровски бил примен во редовите на КПЈ. Поради неговите активности, уште истата година бил апсен, но поради немањето на докази за судско обвинение бил ослободен. Таа тортура и методи на присилување што ги преживеал во големосрпската жандармерија, го направиле уште поцврст и решен да истрае на патот кој го одбрал. Верен борец на својата Партија, жеден за нови сознанија од областа на револуционерната теорија и практика, иницијативен во извршувањето на поставените задачи, одличен организатор - тоа се одликите што секогаш го истакнувале на преден план во работата и идеолошкото делување. Поради тоа, од страна на Месниот комитет на Партијата одреден бил да работи со младината како важен сегмент од каде се црпат нови сили за пополнување на редовите на Партијата. Накоро станал член на Месниот комитет на СКОЈ за Битола. По фашистичката окупација на Македонија учествувал во повеќе акции против бугарскиот окупатор. Во тоа време Партиската организација во градот, во чии редови скоевците биле двигатели на акциите, прераснала во навистина борбена организација, која само чекала знак за да почне со востанието, со отворена револу-ционерна борба. За да ја спречи таквата револуционерна подготвеност на Партијата, бугарскиот окупатор спровел брза регрутација во Македонија. Меѓу првите, покана за отслужување војска во редовите на бугарската фашистичка армија од Битола добил и Вангел Тодоровски. Тој не се одзвал на поканата и се повлекол во илегалност. Како илегалец не мирувал, туку организирал разни саботажи и диверзии и ја извршувал партиската задача во месната партиска техника. И покрај тешките услови во размножувањето на партиските материјали, секогаш навреме ги издавал партиските билтени, печател летоци и друг востанички и револуционерен материјал. Во пролетта 1942 г. се случила провала во Битола. Откриено било делувањето на партиската техника. При упадот на бугарската полиција во куќата каде била сместена техниката, Вангел Тодоровски го убил полицискиот началник на Битола, а потоа самиот си го одзел животот. Вангел Тодоровски - Мајоро за народен xepoj е прогласен на 2 август 1952 година.

ЗНАЧАЈНИ ЛИЧНОСТИ ЗА БИТОЛА
составувачи: Ленче Андоновска, Науме Горгиевски, Благој Николов, Трајко Огненовски, Гордана Пешевска, Анета Стефановска, Светлана Талеска; превод на англиски Весна Милевска
Национална Установа Универзитетска Библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола

горе

Не пропуштајте !

Топ 10 Дестинации

Виртуелна прошетка

Фото галерија

Filmland

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player