Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player


ПАНОВСКИ ТРИФУН

( револуционер )

PAnovski TrifunПановски, Трифун, (1912-1944), првиот партизански лекар во народноосло-бодителната војска на Македонија, и патрон на медицинскиот центар во Битола. Како лекар и хуманист со големи лекарски способности кај борците и народот уживал голем авторитет. Роден 1912 г. во с. Буф, Леринско, Егејска Македонија, во печалбарско семејство. Основно училиште завршил во родното место. Потоа со родителите се преселил во Битола, каде завршил Гимназија во учебната 1933/34 г. Се запишал на Медицинскиот факултет во Белград. Уште за време на студентските денови влегол во напредното студентско движење. По дипломирањето се вработил како лекар во Ниш, но набрзо, веднаш по окупацијата, се вратил во Битола и се приклучил во НОБ. Во 1941 г. станал член на КПЈ, а во 1942 г., за време на априлската провала Т. Пановски бил затворен од бугарската окупаторска полиција. Во недостаток на сигурни сведоштва бил ослободен од обвинувањата. Во текот на 1943 г. бил интерниран во Бугарија и мобилизиран како лекар во бугарската армија, од каде успеал да избега и да им се приклучи на партизаните (1944). Во партизанските редови работел прво како главен лекар во партизанските болници на Кожуф планина, а потоа како лекар во Првата македонско-косовска бригада и на крај во Првата македонска бригада (во Дебарца и Караорман). Ce одликувал co храброст и пожртвуваност, спремен да им помогне на ранетите борци во првите борбени редови. Заради неговата несебичност бил почитуван и сакан од сите борци.
Д-р Трифун Пановски работел во партизанската болница што ја формирал и организирал кај с. Песочани и Ехловец, во подножјето на славниот Караорман и Славеј. Во оваа болница се лекувале тешко ранетите борци, а полесно ранетите, под негов стручен надзор се лекувале во своите единици.

На 22 јуни 1944 г. партизанското движење претрпело голема загуба. Во близина на селото Буринец (Дебарца) при едно пробно гаѓање со минофрлач, од ненадејна експлозија бил тешко ранет заедно со командантот на Првата македонска бригада Коле Канински и уште тројца нивни соборци - партизани. Иако и самиот бил тешко ранет д-р. Трифун Пановски им помагал на останатите повредени, се додека сите не им подлегнале на раните.

ЗНАЧАЈНИ ЛИЧНОСТИ ЗА БИТОЛА
составувачи: Ленче Андоновска, Науме Горгиевски, Благој Николов, Трајко Огненовски, Гордана Пешевска, Анета Стефановска, Светлана Талеска; превод на англиски Весна Милевска
Национална Установа Универзитетска Библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола

горе

Не пропуштајте !

Топ 10 Дестинации

Виртуелна прошетка

Фото галерија

Filmland

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player