НЕЧЕВСКИ ВАНГЕЛ - ТУНЕЛО
( народен херој )
Нечевски, Вангел - Тунелот (1922-2006), македонски партизан и општественик, народен херој. Неговата целосна определеност на страната на револуцијата го потврдил со вклучувањето во СКОЈ. По фашистичката окупација, веднаш се вклучил во акциите на месната партиска организација за растурање на пропаганден материјал, собирање на оружје и вршење на курирски должности. Во почетокот на 1942 г. бил уапсен и интерниран во Бугарија. По половина година помината во интернација, се вратил во родната Битола. Но, поради своите активности, веќе не можел да остане во градот и на 4. јули 1942 г. заминал во партизанскиот одред „Даме Груев", кој подолго време успешно дејствувал во битолско, преспанско и кичевско. Во одредот извршувал низа курирски задачи што ги добивал како курир на Главниот штаб на Македонија. Во текот на 1942, 1943 и поголемиот дел од 1944 г. одржувал редовна врска со грчките и албанските партизани, пренесувајќи најдоверливи материјали и префрлувајќи најдоговорни политички и воени раководители и делегати на Врховниот штаб од Македонија. Пред крајот на војната станал заменик-командант на дивизија. По Војната вршел политички и државни должности во Битола и во Република Македонија. За народен xepoj е прогласен на 20 декември 1951 година.
ЗНАЧАЈНИ ЛИЧНОСТИ ЗА БИТОЛА |
| горе |
Не пропуштајте !