Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player


МИСИРКОВ КРСТЕ П.

( идеолог )

Misirkov krsteМисирков, Крсте П. (1874-1926), македонски национален и просветен деец, најзначаен македонски интелектуалец од крајот на XIX и почетокот на XX век, општественик, политички работник, визионерски мислител, теоретичар и историчар. Тој е еден од најистакнатите идеолози на македонскиот национален идентитет, полемичар, публицист, апологет на македонската национална самобитност и длабоко промислен аналитичар на нејзините севкупни состојби, еден од најистакнатите идеолози на македонскиот национален идентитет. Мисирков е најзначајниот и најкомплетниот македонски славист - филолог и кодификатор на современиот македонски литературен јазик и правопис. Роден е 1874 г. во с. Постол Ениџе-Вардарско. Како ученик во Софија бил еден од основачите на Младата македонска книжевна дружина (1891). Од 1892 - 1895 г. завршил учителска школа во Белград во времето кога тој заедно со другите средношколци од Македонија, во 1893 г., основаат ученичка дружина под името „Вардар". Две години учел Духовна семинарија во Полтава. Есента 1897 г. се запишал на Историско-филозофски факултет во С. Петербург кого ќе го заврши со одличен успех пролетта 1902 г. Заедно со Д. Чуповски е еден од основачите на Македонското научно-литературно другарство (МНЛД) „Св.  Климент"  (1903-1905)  во  Санкт Петербург. Bo октомври 1902 г. заминал за Битола, со голема желба да биде во Македонија за да ги следи настаните во пред-илинденскиот период. Од 1. XII 1903 до крајот на јули 1903 г. Мисирков бил редовен гимназиски професор во Битола. Веднаш по пристигнувањето бил ангажиран за професор по филологија во Битолската гимназија. Истовремено во Битола пристигнал и Д. Т. Мишајков и заедно обајцата започнале да планираат печатење на учебници на мајчин македонски јазик (за изработка на македонска граматика од страна на Мисирков) што би се печатела со средствата добиени од Австрија. Мисирков будно ги следел настаните од револуционерното движење на македонскиот народ за ослободување од Отоманското ропство и, истовремено испраќал значајни писма до истакнати личности во Русија, информирајќи за тешката, но истовремено и револуционерна состојба во Битолскиот регион. Исклучиво само таа година бил во Македонија и тоа токму во Битола каде се запознал со одликите на македонскиот јазик. За него Битола претставувала културен, борбен, политички и севкупен центар во тогашната Румелија на Турската Империја. Мисирков, доаѓајќи во Битола, се зближил со рускиот конзул A. А. Ростковски, со кого веќе се познавал од Санкт Петербург. Воедно редовно комуницирал со раководството на ТМОРО, особено со Панче Дорев, Даме Груев и др. македонски револуционерни дејци. При престојот во Битола тој се движел низ народот, ги посетувал битолските села и правел белешки од средби со народот, со дипломатскиот кор, со организаторите на востанието. Во Битола се дружел co учителскиот кадар, co членови од дипломатскиот кор. Меѓу другите информатори (П. Дорев и др.) и Мисирков ги информирал новинарите - дописници на странските весници за состојбата на македонскиот поробен народ. По убиството на рускиот конзул A. А. Ростковски Мисирков заминал за Одеса. Кон средината на декември 1903 г. во Софија ја објавил книгата „За македонцките работи". Веднаш по објавувањето на книгата се создала голема реакција од бугарската интелегенција и власт и тој, приморан, заминал за Одеса каде започнал да го издава првото научно-литературно и политичко списание на македонски јазик, весникот „Вардар". Во 1914 г. поднел опширен Меморандум до рускиот министер за надворешни работи во кој ја изнел историјата на „Македонското прашање" и укажал на неопходноста да се има превид дека мнозинското население во Македонија по националност е еднородно и тоа се Словенските Македонци. Починал 1926 г. во Софија.

ЗНАЧАЈНИ ЛИЧНОСТИ ЗА БИТОЛА
составувачи: Ленче Андоновска, Науме Горгиевски, Благој Николов, Трајко Огненовски, Гордана Пешевска, Анета Стефановска, Светлана Талеска; превод на англиски Весна Милевска
Национална Установа Универзитетска Библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола

\
горе

Не пропуштајте !

Топ 10 Дестинации

Виртуелна прошетка

Фото галерија

Filmland

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player