Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player


МАНАКИ ЈАНАКИ

( фотограф )

Manaki JanakiМанаки, Јанаки (1878-1960), македонски филмски снимател, фотограф и калиграф. По завршувањето на основното училиште се запишал во Романската гимназија во Битола и оттогаш тој го засакал овој град. Co оформувањето на средното образование на Јанаки му било овозможено да се вработи како просветен работник. Првиот професионален ангажман со уметноста на фотографијата го имал во 1898 г. кога во Јанина отворил фотографско ателје. Во 1904 г. браќата Манаки по низа преговори успеале да купат празно дворно место во Битола на Широк Сокак. Веднаш потоа се зафатиле со изградба на ателјето, според сопствен проект, што им овозможувал непречено вршење на фотографската дејност. Во 1905 г. Јанаки се преселил во Битола и се определил за постојано живеење во неа, каде, заедно со брата си, отвориле свое фотографско ателје. Пред надлежните органи тие го регистрирале како здру-жени сопственици, за разлика од Јанина каде ателјето се водело само на Јанаки. Во таа и таква Битола, Јанаки ја започнал својата пионерска активност. Јанаки имал префинета смисла и осет за пулсот на големиот град, за умирањето на старото и за раѓањето на новото време, или накусо кажано, имал чувство и слух за историјата. При патувањето низ европските престолнини, во 1905 г., од Лондон, му ја пратил на брата си камерата „Биоскоп 300", која во рацете на младиот ентузијаст се претворила во инструмент со историска вредност. Од тој момент почнала историјата на филмот на целиот Балкан. Иако уметник по вокација, тој бил изложен на прогонства од страна на турските власти поради активности од политичка природа, а не изостанало ни апсење, што во 1916 г. го извршиле бугарските окупаторски власти. Во 1921 г. Јанаки со братот отвориле модерна киносала во Битола и била прикажана првата претстава во новооснованото Кино „Манаки" (во т.н. летно кино). Познавајќи го добро францускиот јазик, а движејќи се во културните кругови, Јанаки за кусо време во Битола ја афирмирал фотографска работа, така што браќата се здобиле со муштерии во сите слоеви на битолското општество, вклучувајќи ги и дипломатите. Делото на Јанаки Манаки, без двоумење ќе кажеме дека е од непроценлив придонес за нашата национална историја и култура, за културата и историјата на балканските народи и за културната ризница на светот воопшто.

ЗНАЧАЈНИ ЛИЧНОСТИ ЗА БИТОЛА
составувачи: Ленче Андоновска, Науме Горгиевски, Благој Николов, Трајко Огненовски, Гордана Пешевска, Анета Стефановска, Светлана Талеска; превод на англиски Весна Милевска
Национална Установа Универзитетска Библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола

горе

Не пропуштајте !

Топ 10 Дестинации

Виртуелна прошетка

Фото галерија

Filmland

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player