Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player


КЛИМЕНТ

( митрополит )

Mitropolit klimentКлимент, митрополит - Никола Трајков (1912-1979), прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на МПЦ и втор македонски архијереј; потписник на соборската Одлука од 1967 г. за обнова на афтокефалниот статус на МПЦ. Митрополитот Климент, пред монашењето и хиротонијата за архиереј на МПЦ се викал Никола Трајков. Роден бил на 3. VIII 1912 г. во Битола. Основно образование и гимназија завршил во родниот град, а студиите на Правниот факултет во Белград и Софија. Тој бил познат и како исклучително надарен педагог во вистинска смисла на зборот. Во својата долгогодишна просветна дејност успеал на своите ученици, од кои многумина биле на високи места во тогашната државна администрација, културата и просветата, со многу љубов да им ја доближи историјата на македонскиот народ бидејќи отпрво работел како професор во гимназијата во Битола, потоа како референт во Историскиот архив во Битола и судија во Народниот суд во Општина Битола. Зачудувал со неговата меморија и неговото енциклопедиско знаење за низа најситни подробности, не само од познатите историски настани, туку и од историјата на одделни семејни родослови и историското минато на одделни населени места во нашата земја.

Митрополитот Климент бил познат и како исклучително надарен педагог во вистинска смисла на зборот. Се истакнал како активист за обнова на МПЦ. Бил прв митрополит преспанско-пелагониски и прв архиереј, хиротонисан во МПЦ по нејзиното укинување во 1767 г. Во 1958 г. бил замонашен во Св. Богородица Побожје, Скопско. Бил ракоположен за ероѓакон и свештенојереј во Св. Мина, Скопје. Во Битола во храмот Св. Димитриј е произведен за архимандрит, а на 19. VI 1959 во Св. Мина бил хиротонисан за архијереј од поглаварите на СПЦ и на МПЦ Герман и Доситеј и епископот бачки Никанор. Во 1959 г. во Штип заедно со архиепископот Доситеј го хиротонисуваат архимандритот Наум и формираат Свет архијерејски синод на обновената МПЦ. По долго боледување, во 1979 г. Климент се упокоил во Битола.

ЗНАЧАЈНИ ЛИЧНОСТИ ЗА БИТОЛА
составувачи: Ленче Андоновска, Науме Горгиевски, Благој Николов, Трајко Огненовски, Гордана Пешевска, Анета Стефановска, Светлана Талеска; превод на англиски Весна Милевска
Национална Установа Универзитетска Библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола

горе

Не пропуштајте !

Топ 10 Дестинации

Виртуелна прошетка

Фото галерија

Filmland

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player