КАРАМАНДИ ЕЛПИДА - НАДА
( народен xepoj )
Караманди, Елпида - Нада (1920-1942), македонска револуционерка, народен херој. Во Битола Елпида ги поминала детските години во голема сиромаштија. Есента 1939 г. заминала на студии во Белград. За време на студиите таа се приклучила кон напредната младина на Белградскиот универзитет и станала член на СКОЈ како деветнаесетгодишна девојка. По окупацијата, под непосредно раководство на Стив Наумов, станала една од најистакнатите организатори на НОБ во Битола, особено меѓу жените и младината. Во 1941 г. таа станала член на КПЈ. Оттогаш уште позасилено ја ширела идејата за бескомпромисна борба против окупаторот. Поради својата активност била уапсена од бугарската полиција, но и покрај ѕверските мачења на кои била подложена, окупаторските полицајци не извлекле ништо од неа. Била ослободена во недостиг на докази. По излегувањето од затвор Елпида се префрлила во илегала. Пролетта, во април 1942 г. била меѓу првите борци на штотуку формираниот Партизански одред „Пелистер". На 3. V 1942 г. во борбата на опколениот одред над селото Лавци, битолско, таа била тешко ранета, заробена и по долго мачење стрелана. За народен xepoj е прогласена на 6. октомври 1951 година.
ЗНАЧАЈНИ ЛИЧНОСТИ ЗА БИТОЛА |
| горе |
Не пропуштајте !