Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player


КАНИНСКИ НИКОЛА - КОЛЕ

( револуционер )

KAninski KoleКанински, Никола- Коле (1914-1944), маркантна фигура во револуционерната историја на македонскиот народ. По професија - правник. Своето средно школско образование го завршил во Битолската гимназија. Во октомври 1933 г. заминал на студии на Правниот факултет во Белград. Токму таму Канински стекнал сознанија за марксистичкото учење, за Француската револуција и Париската комуна. Истовремено интензивно се интересирал за историјата на македонскиот народ и македонскиот јазик и во него се разбудило длабоко национално чувство. Член на КПЈ станал во 1936 г. По дипломирањето во 1938 г. се вратил во Битола и почнал да се истакнува како организатор и раководител на НОД. Поради својата револуционерна дејност неколкупати бил затворан од бугарската полиција. На 6. IX 1942 г. се приклучил кон партизанските единици. Тој го организирал и станал командант на Битолскиот партизански одред „Гоце Делчев". Бил именуван за политички комесар на Првата македонска бригада на HOB на Македонија, избран бил за делегат на Второто заседание на АВНОЈ како и на АСНОМ. Загинал како политички комесар во Првата Македон-ско - Косовска бригада, при експлозија на мина на 22. јули 1944 година во село Брунец, кај Караорман.

ЗНАЧАЈНИ ЛИЧНОСТИ ЗА БИТОЛА
составувачи: Ленче Андоновска, Науме Горгиевски, Благој Николов, Трајко Огненовски, Гордана Пешевска, Анета Стефановска, Светлана Талеска; превод на англиски Весна Милевска
Национална Установа Универзитетска Библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола

горе

Не пропуштајте !

Топ 10 Дестинации

Виртуелна прошетка

Фото галерија

Filmland

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player