ЈАНАКИЕВСКИ TOME
( археолог )
Јанакиевски, Томе (1938-2004), apxeолог и научен советник. Основно и средно образование завршил во Битола. Динломирал на Филозофскиот факултет во Загреб на одделот за археологија во 1963 г. Во 1975 г. се стекнал со звање магистер по музеолошки науки. Во 1997 г. ја одбранил докторската теза под наслов „Античките театри и споменици со театарска тематика во РМ" и се здобил со звање доктор по археолошки науки. Во 1964 г. се вработил во Народниот музеј во Битола како археолог, кој во 1976 г. се спои со Завод, музеј и галерија Битола. Од 1968 до 1976 г. бил директор на оваа институција. Како истакнат стручњак по археологија раководел и учествувал во многу археолошки ископувања и истражувања и тоа: истражување и реконструкција на Римскиот театар Хераклеа, истражувања во РЕК, Кале, во село Стрежево и Цапарско поле; 1974,1977,1978 и 1987 г. Од 1999 г. се вработил во Институтот за старословенска култура во Прилеп. Во 1998 г. објавен му е трудот „Антички театри и споменици со театарска тематика во Република Македонија". Во 2001 г. го издал и научниот труд „Доцноантичка микростанбена целина над театарот во Хераклеа Линкестис"како и книгата „Убигацијата на средновековна Битола" (од 7 до 14 век) издадена во 2003 година.
ЗНАЧАЈНИ ЛИЧНОСТИ ЗА БИТОЛА |
| горе |
Не пропуштајте !