ХРИСТОВСКИ ЈОНЧЕ
( естраден уметник )
Христовски, Јонче (1933-2000), македонски пејач, текстописец и композитор на песни во народниот дух, исклучително популарен естраден уметник, кој славата на македонскиот мелос ја пронесувал низ целиот свет. Роден 1933 г. во Битола. Создал сопствен интерпретативен стил, препознатлив и комуникативен со публиката. Се прославил со својата песна „Македонско девојче китка шарена" (1964), чии препеани верзии се појавиле на антлиски, германски, дански, италијански, руски, српски, француски и шпански јазик. Впечатливи му биле интерпретациите на „Животе мој", „Ај засвирете ми чалгии", „Запеј песна Македонко",„Ако умрам ил загинам" и многу други во извондредно богатиот репертоар. Член на ансамблот „Танец" (пејач и играорец). Како одговорен за народната музика во ТВ Скопје, ја иницирал серијата „Распеани градови" (1974), еден од најначајните проекти на ТВ Скопје. За големиот придонес во музиката добитник е на голем број награди, одликувања и признанија.
ЗНАЧАЈНИ ЛИЧНОСТИ ЗА БИТОЛА |
| горе |
Не пропуштајте !