ДУНИМАГЛОСКА ВЕСНА
( спортист )
Дунимаглоска, Весна (1976), македонска спортистка. Родена 1976 г. во Битола. Основното и средното образование го завршила во Битола. Во1999 г. дипломирала на Факултетот за ликовна уметност во Скопје. Во 2005 г. магистрирала на Универзитетот на уметностите во Белград и се стекнала со звањето Магистер во областа на мултимедијалната уметност. Од 1982 до 1994 г. била член на скијачкиот клуб „Пелистер", Битола. Била апсолутен шампион на РМ во слалом и велеслалом во своите категории. Во 1986 г. го освоила второто место во слалом на Балканското првенство во Бурса, Турција, а во 1990 г. третото место на Националното првенство на Бугарија. Во 1990 г. била државен шампион на РМ во повеќебој, гимнастика. Во 1992 г. учествувала на Југословенското првенство на Бјелашница, Босна и го освоила првото место во слалом и второто место во велеслалом. Истата година учествувала на ЗОИ Албертвил во Југословенската алпска скијачка репрезентација. Била двократен спортист на годината на Битола, двократен спортист на годината од списанието „Скок" и била во 10-те најуспешни спор-тисти на Македонија од СОФКА. Живее и твори во Битола.
ЗНАЧАЈНИ ЛИЧНОСТИ ЗА БИТОЛА |
| горе |
Не пропуштајте !