ДАСКАЛО ТАКИ
( револуционер )
Даскало, Таки - Димитар Николовски (1921-1942), роден во Битола. Основно образование стекнал во Битола. По завршувањето на четиригодишното училиште се запишал во Долната гимназија во Битола, каде што завршил четврти клас и положил полуматурски испит. Потоа, своето образование го продолжил во Скопската учителска школа. Уште во учителската школа во Скопје и се придружил на групата напредни младинци. По капитулацијата на кралството Југославија, Таки Даскало веднаш се вклучил во рецолуционерното движење. Поради своите активности, набргу дошол во судир со бугарската окупаторска полиција, па кон крајот на 1941 г. станал еден од првите илегалци во Битола. Поради опасноста од дејствувањето во илегала во Битола, со одлука на Месниот комитет на КПЈ, Таки Даскало бил префрлен во с. Лавци. Активно учествувал и во формирањето на Првиот битолски партизански одред „Пелистер", a no неговото формирање бил назначен за политички комесар. Неговата богата револуционерна активност била прекината на 3 мај 1942 г. кога во борба со бугарските фашистички, окупаторски, воени и полициски сили во Ореовата Корија бил тешко ранет, а потоа ѕверски дотепан со кундаци од бугарските окупаторски војници.
ЗНАЧАЈНИ ЛИЧНОСТИ ЗА БИТОЛА |
| горе |
Не пропуштајте !