Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player


АНГЕЛЕВСКИ ТОДОР

ТОШО ДАСКАЛО

( револуционер )

angelevski todorАнгелевски, Тодор - Тошо Даскалот (1910-1943), роден на 4. I 1910 г. во битолското село Лавци. Потекнува од селско занаетчиско семејство. Основното четиригодишно училиште го завршил во Лавци. Како на одличен ученик му било дозволено во една година да заврши две одделенија, па со тоа тој основното училиште, наместо за четири, го завршил за три години. Потоа се запишал во Државната мешовита реална гимназија во Битола, а во учебната 1925/26г., во Учителската школа во Прилеп. Уште како ученик во Учителската школа, веќе се оформил како напреден, прогресивен младинец, иден прогресивен учител и револуционерен деец. Во услови на прогони и казнувања на се што било напредно и револуционерно, со мака ја гледал и доживувал социјалната беда на работните луѓе од една страна и корупцијата и пљачкањето по пат на оданочување и други давачки на сиромашните, од друга страна. Тоа во него уште повеќе го оживувало отпорот и спремноста за организирано спротивставување. Тој бил во првите редови на напредното учителско движење во буржоаска Југославија и член на КПЈ од пред војната. Во народноослободителната борба и Социјалистичката револуција се вклучил уште во 1941 г. Бил организатор и активен учесник во сите значајни на-стани од HOB и Социјалистичката револуција во Битола и битолско од 1941 до јуни 1943 г. Имал голема заслуга за создавањето на битолските НОПО „Пелистер", „Даме Груев", „Јане Сандански" и „Гоце Делчев". Бил командант на здружениот одред „Даме Груев" во 1943 г., командант на здружените одреди „Даме Груев" и „Вичо", член на Окружниот оперативен штаб и командант на Штабот на Втора-та оперативна зона. За револуционерната антифашистичка активност, Т. Ангелевски од фашистичкиот окупаторски суд бил осуден на смрт во отсуство. Неговата глава била уценета со тогашни 200 000 лева.
Загинал на 23. VI 1943 г. Опколен од бугарската војска и полиција, која ја запалила плевната во која се криел, за да не падне жив во рацете на окупаторите, тој го употребил својот последен адут - сопственото оружје. Херојски загинал и изгорел во пламените јазици на опколената и запалена плевна во селото Лавци.

ЗНАЧАЈНИ ЛИЧНОСТИ ЗА БИТОЛА
составувачи: Ленче Андоновска, Науме Горгиевски, Благој Николов, Трајко Огненовски, Гордана Пешевска, Анета Стефановска, Светлана Талеска; превод на англиски Весна Милевска
Национална Установа Универзитетска Библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола

горе

Не пропуштајте !

Топ 10 Дестинации

Виртуелна прошетка

Фото галерија

Filmland

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player