Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player


АНГЕЛОВСКИ ПЕТАР

( сценограф )

Angelovski Petar

Ангеловски, Петар - (1931-2003), сценограф кој секогаш настојуваше да навлезе во суштината на драмското дело, покажувајќи одредена стручност, вкус и одлично познавање на законитоста на сцената, сценографскиот простор го исполнуваше со динамика и природни состојби со што делото сценографски го оживува.
Co неговото доаѓање во 1960 г., битолскиот театар се здобива со првиот постојан сценограф. Co своите зафати во областа на театарската сценографија, покажа осведочени креативни способности во посовремениот сценски израз. Од посебно значење е фактот дека од претстава во претстава открива нови творечки потенцијали. Тој никогаш од сцената не правеше изложба, сценографијата сама за себе да биде убава, туку го назначуваше битното, функционалното. Co својата неуморна и самопрегорна работа ги забрза процесите во развојот на сценографијата. Неговиот творечки опус, претставува една мошне голема збирка од над 200 сценографии во кои се застапени домашната, современата југословенска и светска драматургија: „Печалбари" од А. Панов, „Чекор до есента" од Т. Арсовски, „Окрвавен камен" В. Иљоски, „Цар Едип" од Софокле, „Хамлет" од В. Шекспир, „Севилски бербер" од Бомарше и др.
Во рамките на тетарските игри „Војдан Чернодрински" (1983), отворена е изложба на негови макети и сценографски скици.

ЗНАЧАЈНИ ЛИЧНОСТИ ЗА БИТОЛА
составувачи: Ленче Андоновска, Науме Горгиевски, Благој Николов, Трајко Огненовски, Гордана Пешевска, Анета Стефановска, Светлана Талеска; превод на англиски Весна Милевска
Национална Установа Универзитетска Библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола

горе

Не пропуштајте !

Топ 10 Дестинации

Виртуелна прошетка

Фото галерија

Filmland

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player