Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player


АНДРЕЕВСКИ ПЕТРЕ

( писател )

andreevski petre

Андреевски, Петре (1934-2006) - истакнат македонски поет, романсиер, раскажувач, драмски автор кој повеќе од четири децении е меѓу челниците во современата македонска литература, академик. Пишувал поезија, раскази, романи, драми, филмски сценарија и др. вид на дела. Роден 1934 г. во с. Слоештица, Демихисарско, дипломирал на Филозофски факултет во Скопје. Извесно време бил учител по демирхисарските села, а потоа се преселил во Скопје, каде што му се посветил на новинарството. Долги години бил уредник на Редакцијата за народна музика, а потоа и на Драмската програма во РТВ - Скопје. За член на ДПМ избран 1964 г., а редовен член на МАНУ од 2000 г. Бил претседател на ДПМ. Смртта го затекна во 2006 г. како секретар на Одделението за литература и уметност при МАНУ. Бил член на Македонскиот ПЕН центар, член на голем број здруженија во РМ. Во литературата П. Андреевски деби-тираше во 1960 г. со стихозбирката „Јазли", а потоа континуирано се јавуваше со нови книги и избори на поезија, раскази, романи и драми. П. Андреевски редоследно ги има објавено книгите поезија: „Јазли" (поезија, 1960), „Ни на небо ни на земја" (поезија, 1962), „Дениција" (по-езија, 1968), „Дални наковални" (поезија, 1971), „.Пофалби и поплаки" (поезија, 1975), „Вечна куќа" (поезија, 1987), „Лакримариј" (поезија, 1999); книги раскази: „Седмиот ден" (раскази, 1964), „Неверни години" (раскази (1974), и „Сите лица на смртта" (раскази, 1994); романи: „Пиреј" (роман, 1980), „Скакулци (роман, 1983), „Небеска Тимјановна" (1988), „Послед-ните селани" (1987) и „Тунел" (роман, 2003); книгата „Драми" (1984), во која влегуваат „Време за пеење" и „Богунемили". Има објавено и две збирки поезија за деца под наслови: „Шарам барам" и „Касни порасни". Од неговиот опус досега му се печатени повеќе избори, а во 1984 г, му беа отпечатени „Избрани дела" во пет тома. Книгите на Петре М. Андреевски имаат доживеано повеќе изданија, особено романот „Пиреј", кој со десетина изданија станува една од ретките книги во Македонија. Застапуван е во сите антологии на македонската поезија објавувани кај нас (на македонски јазик) и во светот (на странски јазик). Преведуван е на голем број јазици во светот (српски, словенечки, германски, француски, англиски и др.). Неговите драми и драматизираните романи („Пиреј" и „Селани") се поставувани и изведувани во Битолскиот народен театар. Голем број дела му се мотивирани од животни судбини поврзани со битолските граѓани.
Добитник е на наградата „11 Октомври", „Браќа Миладиновци" (двапати), „Рациново признание", „Стале Попов" како и на наградата „Книжевно жезло" на Друштвото на писателите на Македонија. Во 2007 г. постхумно е одликуван со Орден за заслуги за народ.

ЗНАЧАЈНИ ЛИЧНОСТИ ЗА БИТОЛА
составувачи: Ленче Андоновска, Науме Горгиевски, Благој Николов, Трајко Огненовски, Гордана Пешевска, Анета Стефановска, Светлана Талеска; превод на англиски Весна Милевска
Национална Установа Универзитетска Библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола

горе

Не пропуштајте !

Топ 10 Дестинации

Виртуелна прошетка

Фото галерија

Filmland

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player