Географија
Градот е во подножјето на планината Баба (со врвот Пелистер висок 2.601 m) во средишниот дел на пелагониската котлина. Низ него тече реката Драгор. Се наоѓа на 14 км северно од границата со Грција, на надморска височина од 576 м. Битола е традиционално важна трговско - патничка врска помеѓу Јадранското и Егејското Море, како и една од најзначајните патнички врски на Балканот со Централна Европа.
Не пропуштајте !