Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player


Валута

Македонската Валута е: Денар (ден)

Номиналните вредности се:

Апоени: 1, 2, 5, 10, 50 денари

Книжни пари: 10, 50, 100, 500, 1000, 5000 денари

1 денар = 100 дени.

Плаќањето во целата држава се извршува во денари. Странските валути можат да се разменат во банките и менувачниците низ целата држава.

 

ПРАВИЛА:

При излез од Република Македонија резидентите:

- МОЖАТ слободно да изнесат до 2.000 евра во девизи и чекови и до 20.000 денари по лице.

- ДОЛЖНИ СЕ да ги пријават на царинскиот орган девизите и чековите во вкупен износ над 2.000 евра до 4.000 евра (со потврда од овластена банка или менувачница)

- НЕ СМЕАТ да изнесат над 4.000 евра во девизи и чекови и над 20.000 денари по лице.

 

При излез од Република Македонија нерезидентите:

- МОЖАТ да изнесат до 2.000 евра во девизи и чекови и до 20.000 денари по лице.

- ДОЛЖНИ СЕ да ги пријават на царинскиот орган девизите и чековите во вкупен износ над 2.000 евра (со потврда на царинскиот орган при влез во земјата).

- НЕ СМЕАТ да изнесат девизи во износ поголем од пријавениот при влез во земјата, наведен во потврдата и над 20.000 денари по лице.

http://www.customs.gov.mk

Не пропуштајте !

Топ 10 Дестинации

Виртуелна прошетка

Фото галерија

Filmland

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player